Уапсениот активист на ВМРО-ДПМНЕ не бил тепан, тврдат од полицијата, а ќе го гонат за агресивно однесување

Од:

Полицијата ќе го гони демонстрантот и активист на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Калошев, кој денеска беше приведен на протестите во Скопје, однесен во станица, па ослободен по неговото идентификување. Од МВР и натаму тврдат дека тој агресивно се однесувал со полицајците и не испочитувал нивна наредба. Демонстрантот по излегувањето од станица, сведочеше дека бил тепан од полицајците. Но, од МВР, велат дека нема пријава за непрофесионално однесување на било кој полицаец.

„Лицето е лишено од слобода за омаловажување на службено лице и агресивно однесување, како и непочитување наредба од полициски службеник и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. До сега ова лице нема поднесено пријава за непрофесионално однесување на било кој полициски службеник“, велат од МВР.

Приведениот активист на ВМРО-ДПМНЕ, беше спроведен во станица со лисици на рацете од двајца полицајци.

Демонстрантите бараа негово ослободување, а откако тргнаа да го сопрат спроводот, останатите полицајци реагираа и направија кордон.

„Срамота е, на што личи ова? Што правите? Срамота е ова! Уа криминалци! На толку мирно место да приведувате!“, извикуваа присутните.

Активистите од ВМРО-ДПМНЕ твдеа дека демонстрантите е приведен само затоа што ги снимал полицајците во лице. Од полицијата со контра став, тие тврдат дека не испочитувал наредба од полицаец и ги омаловажувал со погрдни зборови.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп