Полицајците ме удираа и ме малтретираа, се жали членот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ приведен на денешниот протест

Од:

Стефан Калошев, членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска беше приведен на протестниот собир кај Мавровка, бил удиран од страна на полицијата, а тој вели дека сѐ се случило откако почнал да снима, соопшти вечерва партијата.

Калошев вели дека и покрај тоа што воопшто не ја снимал полицијата, сепак бил однесен до станица и малтретиран.

– Како Македонец и слободен граѓанин на Република Македонија дојдовме на протест против оваа ненародна власт, се фотографиравме, во еден момент решив да снимам и во тој момент еден од полицајците ми рече дека не смеам да снимам. Јас му кажав дека сум слободен граѓанин и дека можам да снимам. Тргна на кај мене, ме фати за раката, се пуштија неколку полицајци околу мене, не знаев што се случува, бев испаничен. Еден од полицајците ме удри во слабина, ми ставија лисици и ме однесоа накај колата да ме приведат, да ме носат во полициска станица. Иако прашував, тие не ми одговорија, вели Калошев.

Тој потенцира дека и пред да влезе во полицискиот автомобил, бил удрен во главата и повторно прашувал зошто го носат, но наместо одговор, полицајците му викале и го удирале.

– Кога стигнавме пред станица, повторно прашав зошто се случува ова, зошто ме удираат дека не сум направил ништо лошо, еден од полицајците ми викна да ќутам и ме удри по лицето Малку изгубив свест, не знаев каде се наоѓам, не можев ни да зборувам ми се вртеше. Потоа ми рекоа дека ова е за кривична пријава, но еве прекршочна нека биде, потпишав записник, ме вратија на истото место, рече Калошев.

Тој изјави дека бил на лекар, каде му се снимени раката, главата и вратот и констатирани му се повреди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски