ВИДЕО: Туркање и „уа“ за полицијата на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, по приведување на демонстрант

Од:

Демонстрант е приведен на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Излези за Македонија“, кои ги нарекоа дека се предупредувачки, а со цел да ја натера Владата да каже што преговара со Бугарија. Двајца полицајци му ставија лисици на момчето. На ова, бурно реагираа останатите демонстранти кои бараа ослободување. Набрзо откако му беа ставени лисици, десетици присутни се затрчаа кон полицијата. Останатите извикуваа „уа“ и бараа да го ослободат. Од МВР за „А1он“ велат дека лицето е приведено поради омаловажување на полициски службеник, но и непочитување на наредба.

„Срамота е, на што личи ова? Што правите? Срамота е ова! Уа криминалци! На толку мирно место да приведувате!“, извикуваа присутните.

Додека полицајците го носеа момчето кое е приведено кон комбето, остантите одеа по нив и бараа да го пуштат. Според присутните, демонстрантот е приведен само затоа што ги снимал полицајците кои го обезбедуваат протестот во лице.

„Пуштете го бе, ништо не прави. Застани бе. Што бегате бе, пи**и едни скапани“, извикуваа демонстрантите кон полицајците кои момчето го спроведоа преку трговскиот центар Мавровка во полициско комбе.

Демонстрантите се обидоа да го пробијат и кордонот од полицајци, кои не им дозволија да одат по службениците кои го приведоа момчето. Тие се туркаа со нив, извикувајќи „Пуштете го детето“.

„А1он“ се обрати во МВР, од каде велат дека лицето е приведено откако омаловажувало полицаец кој го обебзедувал протестот.

„Едно лице е лишено од слобода поради тоа што омаловажувало службено лице, агресивно се однесувало и не почитувало службена наредба“, велат од МВР за „А1он“

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет