Уапсени две лица за вооружениот грабеж на банка во Скопје

Од:

Две лица се приведени за вооружениот грабеж на банката во трговскиот “Беверли хилс” во Капиштец. Од МВР велат дека тие се на распит во полициска станица повеќе од час. Приведувањето доаѓа по четири часа од грабежот, кој го извршија три лица полицијата и натаму е на терен и патролира, а проверува и снимки од надзорни камери. Увидот во банката, и земање на трагите, се ушге трае. Веќе извршен е и разговор со затечените во просториите каде беше грабежот.

Во вооружениот грабеж, бил испукан и куршум.

„Пријавено е дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум“, велат од МВР

Не се знае точната сума на пари која е одземена во грабежот. Повредени лица нема.

“Во Скопје се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одземале пари од вработените”, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он