Уапсен заканувачот Емил Јакимовски

Од:

Полицијата го уапси заканувачот на новинарките Емил Јакимовски. Апсењето е епилог на многуте пријави кои лицето ги имало за семејно насилство, но и по последните пријави на новинарките Мери Јордановска од „А1он“ и Искра Коровешовска од „ТВ Алфа“ за навреди и закани преку социјалните мрежи.

Тој претходно беше избркан од Централниот регистар, каде што работел како помошник-раководител на сектор. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, донесе решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради, како што соопштија доцна синоќа од оваа институција, суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

Емил Јакимовски, кој се поврзува со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ја присвоил фан-страницата на Централен регистар на „Фејсбук“, каде објавуваше статуси за директорката Марија Бошковска-Јанковски, но и други лица кои се вработени таму. Ова сомневање го објави директорката, откако претходно на хакираниот профил беше објавен статус во кој пишува дека „директорката е зафатена со местење тендери и мобинг кон членови на ВМРО-ДПМНЕ“.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

Орце Костов

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централниот регистар со нов портал

Ана Ололовска