Безобразни и навредувачки коментари на профилот од Централниот регистар, сомнеж дека го хакирал Емил од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Емил Јакимовски кој се поврзува со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а е вработен во Централниот регистар ја присвол фан-страницата на институцијата на „Фејсбук“, објавуваќи статуси за директорката Марија Бошковска-Јанковски, но и други лица кои се вработени таму. Ова сомневање го објави директорката, откако претходно на хакираниот профил беше објавен статус во кој пишува дека „директорката е зафатена со местење тендери и мобинг кон членови на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Директорката на Централен регистар на РМ, во моментов е зафатена со местење тендери и мобинг кон членови на ВМРО! За 2 месеци, кога ќе се спрема за во затвор, ќе може да ви одговори на сите прашања“, пишува на фан-страната Централен регистар на Република Северна Македонија.

Почитувани новинари, Директорката на Централен регистар на РМ, во моментов е зафатена со местење тендери и мобинг кон…

Posted by Централен регистар на Република Северна Македонија on Недела, 12 јануари 2020

Бошковска-Јанковски, директор на Централниот регистар вели дека профилот е креиран пред 10 години од Емил Јакимовски, во време кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавноста. Таа најави дека случајот ќе биде пријавен во МВР.

Почитувани,Сакаме да Ве информираме дека фан страната на социјалната мрежа Фејсбук на Централен регистар на Република…

Posted by Marija Boskovska Jankovski on Недела, 12 јануари 2020

„Сакаме да Ве информираме дека фан-страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“ на Централен регистар на Република Северна Македонија е хакирана. Затоа Ве молиме објавите кои ќе бидат објавени од таа страна да ги игнорирате, бидејќи содржините не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Во моментот се изработува нова фанстраница за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно, страницата е креирана пред 10 години од лицето Емил Јакимовски, во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад објавите кои се појавија на фан-страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“ во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до Секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, вели директорката Бошковска-Јанковски.

Пауза! Регистраторката Ана Трајчева во мометов размишља дали да ја вади сликата со Груевски или со Заев. Тоа ја мачи целава институција

Posted by Централен регистар на Република Северна Македонија on Недела, 12 јануари 2020

Низа коментари и преписки осамнаа за кратко време преку страницата на Централниот регистар. Лицето кое стои зад натписите, во еден од коментарите вели „Не е Емил, ама како Емил е, а тебе ти посакуваме да имаш редовен се*с, бидејќи многу си исфрустрирана. Раѓај деца ај, не тука кучиња да ми чуваш“.

Ирена Лазарова која е лице за односи со јавност на Централниот регистар вели дека тие како тим се оградуваат од содржините објавени на фан-страницата на „Фејсбук“ по 09.12.2019 година.

„Со целосна почит кон сите следачи на профилот на институцијата, Ве информираме дека за официјалниот профил, ќе Ве известиме во најкус можен рок“, вели Лазарова.

Вчера, осуди за заканите на Јакимовски кон новинарката Мери Јордановска стигнаа од ЗНМ и ССНМ кои побараа итна истрага од Министерството за внатрешни работи. Закани од Јакимовски добивал и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

Орце Костов

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централниот регистар со нов портал

Ана Ололовска