Уапсен Србин кој шверцувал семе од пченка во Грција во камион на косовска фирма

Од:

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, поведе постапка за едно лице, жител на Рашка, Краљево, Р. Србија за кривично дело Криумчарење од член 278 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот на 30.3.2021 година околу 22:30 часот избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на ГП Богородица на влез во Република Северна Македонија во товарно моторно возило влекач марка „Mercedes Benz“ со косовски регистарски ознаки и полуприколка марка „Schmitz“ со косовски регистарски ознаки, сопственост на правното лице „N.SH Ari Transs“ од Приштина, пренел непријавена стока од поголема вредност во износ од 572.134 денари. Во возилото биле пренесувани 5 палети со 2 760 килограми семе од пченка кои осомничениот не ги пријавил на царинските работници. Тој одгoварајќи на поставено прашање од царинските службеници, пријавил само дел од стоката за која имал документација, но поради сомневање во пријавената тежина на возилото при детален преглед на пријавената стока биле пронајдени уште 5 палети со семе од пченка, се вели во соопштението од ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство од причини што осомничениот е странски државјанин на наша соседна држава, потоа имајќи ја предвид тежината на стореното кривичнoто дело кое му се става на товар, обвинителството до судијата на претходна постапка на Основен суд Гевгелија поднел Предлог за определување притвор, а Судот со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец ги злоставувал 16-годишните ќерки

Куршуми и брканици, осуденици од Издризово бегале од полиција со ренџ ровер, завршија во ендек

Катерина Ѓуровски

Ја нападнал партнерката и и го зел тримесечното бебе

Катерина Ѓуровски

Прегазени две девојчиња од 12 и 13 години во Скопје

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

Предраг Петровиќ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски