Шукри Алија, за кој медиумите наголемо пишуваа дека е ментор и лидер на лицата извршители на петкраткото убиство кај Смилковското езеро е уапсен.
Тој е екстрадиран од Косово и во моментов се наоѓа во истражен затвор.
Ваквата вест ја објавија и дел од албанските медиуми, за кои судски извори го потврдиле апсењето на Алија.
Од македонското Министерство за внатрешни работи за овој случај засега нема никакви информации.