Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот Монструм, вчера бил пронајден и уапсен, поради правосилна судска пресуда за издржување шест години затворска казна, неофицијално дознава „Макфакс“ од извори од МВР.
Според информациите, Азири вечерта ја поминал на Клиниката за пулмологија, но се уште не се знае колку е тешка неговата здравствена состојба. Вчера, неговата одбрана за време на рочиштето за „Монструм“ со документација го оправда отсуството по што беше одложено.
На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи, но и одбраната. Од МВР велат дека во текот на денот ќе ги изнесат деталите околу неговото апсење.