Твоја Партија ги осудува изјавите на Груби, Бектеши и Касами за вработување Албанци и двојазичност во приватните компании

Од:

Твоја Партија остро ги осудува изјавите од првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за економија Крешник Бектеши за субвенционирање на приватни компании кои ќе вработуваат Албанци или граѓани од други помали етнички заедници, како и изјавата на Билал Касами за воведување двојазичност во приватните компании, кои претставуваат директен атак на Уставот на Р.С. Македонија, се вели во соопштението од партијата.

„Ниедна влада не смее да има програма која се коси со уставните начела на државата. Овие владини решенија се дискриминирачки врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Европската конвенција за основните човекови права и слободи и граѓанинот и Уставот на РС Македонија. Издвојувањето по етничката припадност како единствен услов за добивање субвенции за вработување во приватниот сектор не може да се смета за афирмативна акција. Работната способност и капацитет не може да се утвдуваат според националност. Ваквиот начин на субвенционирање на вработувања претставува дискриминација и е спротивно на членот 55 од Уставот на РС Македонија според кој се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото,“ велат од партијата.

Дополнително, според Твоја Партија, на овој начин се поттикнува нетрпеливост и раздор врз основа на етничка припадност, граѓаните се присилуваат да се идентификуваат по етничка линија, се легализира клиентелизмот и партизацијата на државата, се оневозможува индивидуалното остварување и практикување на правата и слободите и се брише било која шанса за развој на државата како граѓанска и демократска.

1. Се поставува прашањето дали е целта креирање на етнички проблеми?
2. Дали е целта омаловажување и понижување на сите етникуми, вклучително и Албанците
во Р.С.Македонија?
3. Дали се ова почетоци на кантонизација или федерализација на државата преку рушење на
Уставот?
4. Или едноставно е ширење лажни вести и дезинформирање на јавноста.

„Твоја Партија бара СДСМ, како водечки дел во Владата, да не се изјаснува само декларативно дека е против ваквите предлози, туку да заземе јасен став! Без разрешување на именуваните функционери кои ги објавуваат овие ставови и без раскинување на коалицијата со БЕСА, дали тоа СДСМ се согласува со нив?,“ се вели во партиското соопштение на Твоја.

Би можело да ве интересира

Вработените по Рамковен до крајот на јануари ќе мораат да почнат со работа

Искра Манојлоска

Наместо Антикорупциската комисија, во новите простории на барокната зграда се всели вицепремиерот Артан Груби

Мери Јордановска

Али Ахмети стана почесен доктор на Тетовскиот универзитет, Груби вели: таква личност нацијата ретко раѓа

Жарко Настоски

Жена го кршела автомобилот на Груби пред Собрание, тој вели дека не ги знае причините

Кристијан Ландов

Угостителите сакаат и понатаму да работат во недела

Искра Манојлоска

Груби: Заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграцијата