Бурни реакции на Твитер, по вчерашното објавување на снимка за која СДСМ посочи дека е разговор на министерот Миле Јанакиески кој бара да се исклучи одреден број на мобилен телефон односно да се стави во употреба зошто лобирал за СДСМ.
Твитер заедницата бара одговори и да се изјасни Т –мобиле, што ќе преземе во врска со личноста кај која се ургира. Во меѓувреме Твитер заедницата масовно пишува и ја известува и централата на компанија што се случува во Македонија. Од компанијата засега нема никаква реакција.