А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ТВ дуел Заев-Мицкоски е можен во секое време, останува да се прецизира времето и локацијата

by А1он16/05/2018 - 13:34123
Share0

Премиерот Зоран Заев е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел, кој апсолутно ќе се случи, а останува само да се прецизира времето и локацијата, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по вчерашното барање од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за ТВ дуел со премиерот.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Основен принцип на работата на премиерот Заев е отвореноста и така функционира и Владата. Наназад со години бараме дуел, секогаш сме биле подготвени, комуницираме двонасочно и како Влада секогаш сме отворени за дуели, дебати, новинарски прашања на прес-конференции, рече денеска Бошњаковски.

Како што напомена, последниот премиерски дуел во државава беше во 1998 година, односно пред цели 20 години.

На редовната прес-конференција Бошњаковски наведе и дека можеби ВМРО-ДПМНЕ се во право оти не е точна бројката за советници на поранешниот премиер Никола Груевски што ја објави вчера Владата, затоа што, како што вели, таа ќе биде многу поголема откако ќе се најдат и обработат податоците за периодот од 2006 до 2010 година.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Опозицијата излезе со информација вчера дека бројката од 91 можеби и не е точна. Можно е да се во право бидејќи податоците од 2006 до 2010 година не се обработени, така што сигурно бројката ќе биде многу поголема од 91 советник. Во моментот, со бројот на советници на Никола Груевски од 2010 до 2016, сумата е тројно поголема од советниците на актуелнииот премиер Зоран Заев, што значи во моментот кога ќе ги најдеме, а ќе ги најдеме документите од 2006 до 2010 година, оваа сума сигурно ќе биде повеќе од тројно поголема, рече Бошњаковски.

Владината прес-служба вчера објави дека за 91 советник и надворешни соработници на поранешниот претседател на Владата Груевски годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра.

dpmnevlada

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео