Турските серии ќе се заменат со домашни

Од:

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, изразува чест кон турските продукции, но смета дека доволно било 500 години под турско ропство, време е наместо турските телевизиски серии на телевизиите да се стимулираат македонски серии.

– Наскоро ќе започнеме со јавна дебата за новиот Закон за медиуми кој предвидува нови регулативи. Со нив на жал на понежниот пол, дел од тие емисии коишто се сега кога да вклучиш канал, било тоа да е Ифет, Езел, Илјада и една ноќ или Величенствниот, Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата или ред други ќе бидат намалени. Ќе се бара 30 проценти од емитувањето во клучните часови од 8 наутро до 20 часот навечер да биде македонско производство, 40 проценти во 2014 година, дури 50 проценти во 2015. година. Со тоа ќе се стимулира македонската продукција, изјавил Ивановски

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности