Турски инвеститори заинтересирани за Битола

Од:

Можностите што ги нуди општина Битола за странските инвеститори и поволности кои ги добиваат инвеститорите беа тема на разговор на денешната средба на битолскиот градоначалник Владимир Талески со делегација од стопанственици од градовите Истанбул и Измир, Република Турција.

Градоначалникот Талески ги запозна со Индустриската зона Жабени, каде 32 инвеститори веќе имаат купено 49 градежни парцели, издадени се три одобренија за градба, а веќе функционира и фабриката за автомобилски делови Кромберг и Шуберт. Турската делегација беше запозната и со просторот на старата касарна каде се создаваат услови за инвеститори, а во тек се и градежни активности на оние кои веќе имаат купено парцели. На средбата се разговараше и за повеќе други локации на кои е предвидена изградба на нови капацитети.

Турските инвеститори изразија интерес за разгледување на можностите, деталните урбанистички планови и конкретните локации на кои можат да ги реализираат нивните идеи за инвестиции кои се однесуваат на изградба на станови, капацитети за производство на сточна храна и био–ѓубриво и други конкретни проекти за кои ќе се разговара на идната средба.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски