30-те илјади вакцини „Синовак“ кои Турција најави дека ќе и ги донира на земјава ќе пристигнат за седум до десет дена вели премиерот Зоран Заев.
– Секако поради големата љубов кон Македонија и на претседателот Ердоган, но и на раководството на пријателска Турција веднаш на наше барање ни излегоа во пресрет со 30 илјади вакцини. Додека ги чекаме новите количини, овие ни се добредојдени, рече Заев нагласувајќи дека најважно е процесот на вакцинација во земјава да се одвива континуирано.
Турската донација синоќа ја најави министерот за здравство Венко филипче по средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.