Туристите немилосрдни со Охрид, уринираат во парковите и фрлаат ѓубре во езерото

Од:

Уринирање по паркови, паркирани возила во сите тревнати површини, ѓубре насекаде. По езерото пливаат шишиња и конзерви.

Наредени стотици малди по плажи и по кеј и никој не носи маска. Полиција нема никаде. Врв на некултура и примитивизам, коментираат охриѓани.

Охрид за празников е преплавен со домашни туристи, кои сигурно не смеат да се однесуваат вака кога излегуваат надвор од границита.

Минатата ноќ, туристите го запоседнаа старото пристаниште во Охрид, кое обично служи како шеталиште.

Охриѓани коментираат дека особено помладите туристи, по цела ноќ остануваат на кејот и се забавуваат до раните утрински часови, кога си легнуваат на клупите и во тревниците. Ѓубрето од вечерните забави го оставаат на улица или го фрлаат во езерото, а физиолошките потреби ги извршуваат на јавните површини.

Секое утро, осамнува слика од охридските улици посеани со пластични кеси, шишиња и се она што туристите го оставиле зад себе. Туристите се правдаат дека ѓубрето го фрлале на улица поради тоа што немало корпи за отпадоци.

Напливот на туристи од цела Македонија во Охрид се случи откако Грција ги затвори границите за македонските државјани.

Единствени дестинации во соседството за на море се Албанија, и Бугарија која за влез бара задолжителен тест за коронавирус.

Би можело да ве интересира

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство