Турчин пукал во друг Турчин во Старата турска чаршија

Од:

30-годишен државјанин на Турција е уапсен откако вчеравечер, пред угостителски објект во Старата чаршија во Скопје, пукал со пиштол и ранил негов сонародник, соопшти МВР.

„На 23.06.2021 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека околу 22.00 часот, пред угостителски објект на ул.„Казанџиска“ во Скопје, пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција. М.Е.Е. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он