Тунески: МЕПСО сака да стане член на светската скијачка федерација

Од:

Денес приоритет на ЕЛЕМ и МЕПСО не е енергетиката, туку зимските спортови, и ако вака продолжат, овие две компании би можеле да побараат полноправно членство во Меѓународната скијачка федерација со седиште во Швајцарија. СДСМ ги повикува и ЕЛЕМ и МЕПСО, да се повлечат од ваквите идеи, да престанат да се расфрлаатсо парите што ги собираат од граѓаните и најавените инвестиции во скијачките центри да ги пренамени за изградба на енергетски капацитети за подобрување на снабдувањето со струја. Тоа е приоритет за Македонија, изјави проф. д-р Атанаско Тунески, член на Економско-социјалниот совет на СДСМ.

– Деновиве Владата продолжи да ја форсира идејата МЕПСО да биде носител на изградбата на целосно нов скијачки центар на Галичица. Оваа државна компанија претходно објави дека ќе потроши и еден милион евра за инвестиција во сноуборд патеки на Пониква. И ова е доказ дека Владата нема стратегија како да обезбеди поевтина струја. Парите собрани од граѓаните ипрефрлени на сметките на ЕЛЕМ и МЕПСО, Владата ќе ги потроши за подобрување на условите наскијачите, наместо за изградба на нови енергетски капацитети и модернизација на постојните- изјави Тунески.

Тој нагласи дека во последните шест години ЕЛЕМ не започна изградба на нов производен објект, но затоа сега, наместо да гради хидроцентрали и термоцентрали, најавува дека ќе инвестира 30 милиони евра во туристичкиот центар Попова Шапка.

– Пред четири години вицепремиерот Ставрески најавуваше дека Македонија во 2012 ќе извезува струја, а денес Македонија увезува речиси 40% од своите потреби и за тоа годишно плаќа речиси 200 милиони евра. Овој увоз е една од главните причини зошто нема денес нема пари за образование, здравство, нема нови капитални инвестиции, нема пари за стечајните работници и социјалните случаи, и се зголемува долгот на државата – констатира Тунески.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он