Трудова инспекција ја посети Теута Арифи

Од:

Трудовиот инспекторат денеска извршил контроли за пушење во општина Тетово, каде градоначалничка е Теута Арифи, потпретседателката на ДУИ. Тројцата инспектори без да се најават влегле во канцеларијата на секретарката на општината.

Теута Арифи јавно кажа деке не се согласува со процесот на десороизација и важеше за една од тие кои се противат на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Од општината со став дека немаат против никаква инспекција која работи согласно законот.

Најава за инспекциска посета добиле и од општина Чаир, каде градоначалник е Изет Меџити, исто како и Арифи, потпретседател на партијата на Али Ахмети.

Претходно финансиска полиција беше и во општина Гостивар каде градоначалник е третиот потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, кој јавно кажа дека не постои Албанец кој сака да коалицира со Никола Груевски.

Имињата на тројцата потпретседатели се спомнуваа дека викендов го посетиле седиштето на СДСМ, на средба со Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот