Вчера вечер, околу 22,00 часот, во Скопје на бул.„Октомвриска Револуција“ од страна на три лица извршено е разбојништво во обид над М. И. (19) од Битола, на тој начин што физички го нападнале и се обиделе да му го одземат компјутерот (лап-топ). Откако не успеале во намерата побегнале од местото на настанот.
Од физичкиот напад М.И. се здобил со телесни повреди за што му е укажана лекарска помош во Ургентниот центар во Скопје.
Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.