А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тројца патници во земјава тестирани за коронавирус, сите резултати се негативни

by А1он03/03/2020 - 19:24364
Share0

Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје на коронавирус се тестирани тројца патници.

Добивај вести на вибер

„Резултатите на тројцата патници се негативни на корона вирусот. Станува збор за македонски државјани од кои двајца допатувани од Италија и еден од Шпанија“, се вели во соопштението.

Денеска, претседателот на Владата Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче го посетија граничниот премин Табановце, најфреквентен граничен премин каде доаѓаат патници од регионот на Северна Италија.

Филипче информираше дека сите припадници на МВР и Царинската управа одлично се справуваат со ситуацијата и дека целосно се почитува утврдениот алгоритам за контрола на патниците.

Спасовски и министерот Филипче упатија апел до сите оние кои патуваат или ќе допатуваат во нашата земја, точно да одговараат на прашалникот, бидејќи на тој начин го штитат сопственото и колективното здравје на граѓаните.

infektivna klinikakoronavirusvenko filipce

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Горан Наумовски04/04/2026 - 13:51

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Горан Наумовски01/04/2026 - 13:53

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он28/03/2026 - 15:56

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Горан Наумовски24/03/2026 - 12:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто