Тројца лекари издавале фалш боледувања на обвинети од СЈО

Од:

А1он дознава дека за тројца лекари кои им издавале боледувања на обвинети од специјалното јавно обвинителство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат со извештај констатирал низа пропусти при проверките на медицинските белешки.

Инспекторатот по барање на специјалното јавно обвинителство, направил серија проверки и утврдил дека медицинската документација за боледување на обвинетите Гордана Јанкулоска, (обвинета во неколку предмети на СЈО), Ѓоко Поповски (обвинет во „Триста“ и „Тенк“) и Милан Андоновски (обвинет во „Насилство“) со кое ќе го оправдаат отсуството од судските рочишта, има бројни пропусти.

Од СЈО за А1он само кратко ја потврдија информацијата и рекоа дека проверката на веродостојноста на боледувањата ја спровел инспекторатот по нивно барање. Изминатиот период инспекторатот испратил екипа во приватната здравствена установа и специјалистичката клиника од каде на обвинетиот Милан Андоновски му беше издадено боледување непосредно пред одржувањето на едно од судските рочишта за предметот „Насилство“.

Инспекторите ја одзеле комплетната медицинска документација за обвинетиот и ги предале до Лекарската комора и до Фондот за здравствено осигурување. Андоновски вадеше боледувања поради што беше одложено судењето за насилствата пред Општина Центар.

Лекарите кои го издале боледувањето не ги исполниле потребните прописи, а не биле направени соодветни лабораториски анализи. Обвинителката Фатиме Феати пред едно од рочиштата посочи дека боледувањата на обвинетиот Андоновски му биле издавани наменски непосредно пред судењата. СЈО се посомнева во оправданоста на отсуствата и побара судот на Андоновски да му определи притвор.

Од специјалното јавно обвинителство велат дека до основното јавно обвинителство ќе достават извештај кој ги содржи наодите на инспекторатот, а обвинителството ќе треба да одлучи дали има елементи за кривично дело „фалсификување службена исправа“.

СЈО пред една година ја побара медицинската документација поврзана со боледувањата на началникот од УБК, Горан Грујевски првообвинет во случајот „Тврдина 2“ за уништување на списите врзани со масовното прислушување.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов