А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Тркалезна маса: Се уште нема баланс во вестите помеѓу јавниот и приватниот интерес

by А1он12/04/2017 - 14:3494
Share0

Кај медиумите е забележан позитивен тренд во однос на објавувањето на информации поврзани со личните податоци, но се уште не се прави баланс меѓу јавниот и приватниот интерес кога станува збор за информации поврзани со носителите на јавни функции или познатите личности, беше истакнато на денешната тркалезна маса организирана во рамки на проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Експертот во полето на заштитата на лични податоци и медиумите, Љубица Пендароска посочи дека кога се работи за носители на јавни функции тогаш веста по автоматизам се објавува без разлика дали постои јавен интерес таа да биде лиферувана.

– Тоа е најголемата детектирана слабост која истовремено беше нотирана и од самите учесници на тркалезните маси. Медумските работници имаат должност да ја информираат јавноста за случаи кога носители на јавни функции се под сомнение дека сториле кривично дело, меѓутоа оној дел од податоците коишто не се од јавен интерес или се однесуваат на други лица кои на било каков начин се поврзани со нив, нема јавен интерес да бидат објавени, истакна Пендароска.

Учесниците на тркалезната маса препорачаа да се најде баланс меѓу јавниот интерес од една страна и приватниот интерес од друга страна.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ако целта на информацијата е работењето на одредена јавна личност попатно во веста се објавуваат и податоци за одредени лица кои не се јавни личности и притоа тие луѓе несакајќи се наоѓаат во целата информација при што им се нарушува нивното право на приватност, посочи Игор Кузевски, генерален секретар на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Според лидерот на проектот Наташа Пирц Мусар, медиумите треба да бидат свесни дека кога ќе објават некоја приватна информација за некое лице, тогаш повеќе нема враќање назад. – Многу е тошко да се поправат работите откако приватноста на одредено лице ќе се наруши, истакна Мусар.

Во рамки на проектот планирано е да се направи прирачник којшто ќе треба да им помогне на медиумите во секојдневното информирање.

Проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“ е финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата на ЕУ со поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

mediumi

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:07

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

Горан Наумовски03/05/2026 - 11:05

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 10:35

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Горан Наумовски09/04/2026 - 17:11

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 08:33

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски18/12/2025 - 21:4118/12/2025 - 21:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто