Тркалезна маса посветена на борбата против беснилото

Од:

Ветеринарната комора на Македонија по повод денешниот Светски ден за борба против беснило организира тркалезна маса на тема „Контрола на беснилото – нужност од сеопфатен општествен пристап“.

Целта на конференцијата е да се подигне јавната свест за опасноста од појава на болеста, да се поттикне соработката со сите засегнати институции, да се истакне проблемот со бездомните кучиња и мачки како алка во синџирот на пренос на вирусот и да се разгледаат предлог мерки за зголемување на ефикасноста во борбата против беснилото.

На тркалезната маса најавено е присуство на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, на претставници од Министерството за здравство, Факултетот за ветеринарана медицина, Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, ветеринарни друштва, како и од друштвата за заштита на животни.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on