Триста социјални семејства од Штип ќе добијат прехранбени пакети

Од:

Пакети со прехранбени продукти и средства за дезинфекција ќе им бидат поделени на социјално ранливи семејства од Штип. 

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски денеска информира дека пакетите се донација од компанијата „КИТ-ГО“.

Пакетите ќе бидат поделени во текот на денешниот и утрешниот ден по утврдени критериуми од општинските институции и Центарот за социјални работи во Штип. 

Компанијата КИТ-ГО донира прехранбени производи и средства за дезинфекција во висина од над 140.000 денари што е за поздравување. Сакам да ја изразам мојата благодарност до оваа компанија што покажала општествена одговорност во овие тешки времиња, кога реално на граѓаните им е потребна секаква поддршка и помош, истакна Бочварски.

Тој апелира до сите компании и граѓани кои се во можност да донираат за да им се излезе во пресрет на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена