Трипуновски: Заев не знае како да ги реши проблеми на граѓаните, својата неспособност ја покрива со лажни ветувања

Од:

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со граѓаните на општина Неготино.

Во разговори со граѓаните било констатирано дека владее разочарување од штетените политки што ги води СДСМ и Владата на Зоран Заев.

Според Трипуновски граѓаните во Неготино се соочуваат со истите проблеми како и нивните сограѓани од другите населени места.

Во разговори со земјоделците, било истакнато дека нема пласман на нивните земјоделски производи,а како дополнителен проблем била посочена цената и пласманот на пиперката, пченицата но и на сите останати земјоделски производи.

„Во разговорот со нив како како неизбежна тема се наметнал капитуланскиот договор што го потпиша Зоран Заев со Грција. Граѓаните посочија дека се незадоволни од лагите кои им ги кажува Зоран Заев дека доколку референдумот е успешен доколку овој народ и држава се самоукине наводно ќе се отворел пазар од 500 милиони евра за на тој начин земјоделските производи би имале сигурен пласман“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски посочил дека евидентно Зоран Заев не знае како да и реши проблемите на граѓаните на Република Македонија и својата неспособност ја покрива со лажни ветувања за подобар живот.

Според Трипуновски овие погубни политики кои што ги води власта доживуваат дебакл.

Трипуновски истакнал дека Република Македонија ќе тргне напред кога Зоран Заев ќе си замине од власт.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати