Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook статус објави документи за кои тврди дека покажуваат дека е издадено решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште потпишано од министерот Николовски, за кои Николовски тврди дека МЗШВ нема донесено вакви решенија.
– Тврдењето дека нема раскинато договори за земјоделско земјиште не е точно. Вистината е дека Николовски носи решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште. Јас секогаш зборувам со факти и докази, па така еве еден од многуте раскинати договори на земјоделците за кои министерот Николовски вели дека не постојат. Заради негрижата на актуелната власт многу земјоделци нема да можат да аплицираат за субвенции токму заради раскинатите договори од страна на Николовски. Во прилог ви ги испраќаме скенираните документи како и линк од facebook објавата на Цветан Трипуновски.