Трипуновски: Нови услови за субвенции, ќе се зголемат контролите на корисниците

Од:

Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли на корисниците на финансиска поддршка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски, кој на брифинг со новинарите ги сублимира досегашните и следните активности на Министерството за земјоделство, објасни дека контролите нема никако да бидат тенденциозни, а ќе се спроведуваат зашто се вооочени корисници на субвенции кои воопшто не ги обработувале површините.

– Да се зголеми продукцијата на храна и субвенциите да имаат ефект, е целта на реформите во земјоделството што почнаа уште минатата година. Нелогично е да имаме милиони евра поддршка, а да бележиме пад на производството. Се покачуваат минималните критериуми за користење субвенции зашто сакаме да ги стимулираме вистинските, активни земјоделци. Кај нив треба да дојде поддршката, подвлече Трипуновски.

Осврнувајќи се на планираните промени кои допрва ќе се спроведуваат, министерот нагласи една од нив – дека со новата програма за поддршка нема да се субвенционира пченица ако не се користи сертифициран семенски материјал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци

Се ограничува маржата на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите