Трибина на тема „Младите и религијата“

Од:

На денешната трибина на тема „Младите и религијата“ ќе бидат презентирани резултати од спроведено истражување на јавното мислење врз младата популација во градот Скопје за прашања од верска природа.

-Целта на трибината е да се отвори дискусија за различни прашања, а во фокусот притоа да имаме специфична таргет група како младата популација. Ова не е дискусија на перцепции и субјективни гледишта, туку дискусија на објективни индикатори добиени при анкетирање на веродостоен репрезентативен примерок, велат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

На настанот ќе се обратат директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, проф. др. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за меѓународна соработка на Богословскиот факултет, проф. д-р Зоран Матевски, професор на Институтот за социологија на Филозофски факултет при УКИМ и директор на Центар за интеркултурни студии и истражувања на Филозофски факултет, Коста Милков претседател на Балканскиот институт за вера и култура и Алберт Хани, директор на Регионална канцеларија за младинска соработка – РИКО за Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Груби го најави Ахмети како спектакл за млади, а Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на партиските митинзи

A1on

Ковачевски: Да се посветиме на вештините кај младите за да го искористиме потенцијалот

(ВИДЕО) Експертите согласни: Во земјоделието се искористуваат сите капацитети

„Пју“: Во светот расте државниот притисок врз религиите

Трибина „Биоетичка едукација“ на Филозофскиот факултет

Ана Ололовска