А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Три женски лица од Македонија се прифатени во постапка за депортација од Турција

by А1он11/03/2020 - 15:34434
Share0
Вчера вечерта преку Меѓународниот аеродром Скопје е извршена депортација на три женски лица, од кои две со регулиран статус на државјанки на Македонија и едно малолетно лице од две години, за кое треба да се спроведе постапка за стекнување државјанство, информираат од Владата.
Лицата се депортирани со редовен авионски лет од Република Турција, поточно од бегалскиот камп Газиантеп, откако претходно одреден период престојувале во воените зони во Сирија и Ирак.
„На аеродромот во Скопје, трите лица беа прифатени од стручни екипи на Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи при што сите екипи постапија во рамките на своите надлежности.Согласно протоколите за здравствена и социјална заштита, на аеродромот беа направени првите контролни здравствени прегледи и извршени анкети и разговори, при што им се дадени и совети за нивното натамошно згрижување, здравствена и социјална заштита“, информираат од Владата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Лицата се сместени во објект под надзор на Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјални работи Скопје, поради фактот дека доаѓаат од подрачја со зголемен епидемиолошки ризик, вклучително и заради тековните мерки за превенција од коронавирусот.

„Откако ќе помине периодот на здравствен надзор, и ќе бидат завршени сите медицински прегледи и тестови, особено од аспект на здравствена заштита на 2-годишно дете, по претходна одлука на соодветен стручен тим од Министерството за здравство, на трите женски лица ќе им биде овозможено да бидат прифатени од нивните најблиски, како и да бидат интегрирани во системот за социјална заштита по стручна процена на надлежните служби на Министерството за труд и социјална политика“, стои во владиното соопштение.

deportacijaministerstvo za trud i socijalna politikaturcija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 16:3011/10/2026 - 16:53

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он10/10/2026 - 14:4310/10/2026 - 14:28

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он22/09/2026 - 15:17

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 10:3322/09/2026 - 13:38

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:31

Среќна грепка – за помалку од две евра доби награда од над 142.000 евра

А1он28/08/2026 - 16:4828/08/2026 - 16:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео