Три вреќи со марихуана пронајдени во возило на двајца дебрани

Од:

Три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, пронајде вчера полицијата во Тетово во патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблици.

На тетовската улица „Илинденска“ полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17.00 часот запреле „Мерцедес“ управуван од А.Д. (21), а во кое како сопатник бил и Ш.П.(27), двајцата од Дебар.

– При нивен и преглед на возилото, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење, соопштија денеска од МВР.

Двете лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица – Тетово и по целосно документирање на случајот, во текот на денот, со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд – Тетово.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба