Третиот блок во офанзива од Охрид

Од:

Третиот политички блок кој засега го сочинуваат ВМРО-НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство од Охрид најавија дека ќе се борат за разбивање на стравот кој бил длабоко всаден во свеста на македонските граѓани.

Ќе ја игнорирале политичката идеологија и ќе застанеле зад заедничката цел- Република Македонија. Третиот блок ќе биде отворен за сите партии вклучувајки ја и СДСМ. На 29 мај во Охрид Третиот блок ќе одржи заедничка трибина.

„Жално е да се става акцент дали треба партија од центарот да соработува со ултрадесничарски партии, а се замижува на она што ни се случува секојдневно. Имајки ги предвид сите коментари за ваквото групирање сакам да кажам дека целта на соработката е она што не зближува, а не она што не разединува.

Овој пат ќе ја игнорираме политичката идеологија и ќе застанеме зад она што е заедничко за сите нас тоа е Република Македонија“, изјави Дејан Блажевски од ЛДП.

„Во иднина не значи дека и со други опозициони партии овој трет блок нема да стапи во разговори за формирање на еден поголем блок. За политички притисок нормално дека има. Се врши од страна на власта притисок врз т.н независно судство и со не впишување на Љубчо Георгиевски како претседател на ВМРО Народна партија. Ние тоа го имаме обжалено.Тоа е софистициран и најголем вид на притисок. Сме издржале уште поголеми притисоци ќе ја издржиме и оваа недемократска власт“, рече Ванчо Костовски, член на ИК на ВМРО-НП.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска