Третина од мониторираните случаи на СЈО во 2018 година биле одложени, информира коалицијата „Сите за правично судење“

Од:

Од вкупно 308 мониторирани расправи по предмети водени од Специјалното јавно обвинителство во 2008 година од страна на коалицијата „Сите за правично судење“, одложени биле вкупно 98 главни расправи, или речиси една третина, додека на 210 биле преземени дејствија од страна на странките во предметите.

Вкупно 60 рочишта или 61 процент биле одложени поради одбраната и обвинетите, додека 23 рочишта или 23 отсто поради судот. За седум рочишта нема образложение зошто се одложени, а седум рочишта се одложени поради други причини, информираат од коалицијата „Сите за правично судење“.

Само еден предмет од вкупно 98 одложени е поради СЈО, додека единствено по предметот „Триста“ не било одложено ниту едно рочиште.

Отсуство на обвинетите било причина за одложување на вкупно 29 рочишта, од кои за десет тоа било од здравствени, а во две од службени причини. Одбраната побарала одложување на 11 рочишта со цел подобра подготовка, а по пет рочиште биле одложени поради изземање и службени обврски.

Кога причина за одложување на судските постапки е судот, тоа најчесто било поради не обезбедени услови или поради судечкиот совет. Најчесто или во 50 проценти од случаите судот не можел да обезбеди услови поради постапување на други суд, за 25 отсто поради немање соодветна судска сала и 25 проценти поради техничка опрама.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов