Трета министерска конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан

Од:

Во организација на Советот за регионална соработка (RCC) и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, денеска во Скопје се одржа Трета министерска конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки рече дека на конференцијата очекува да бидат презентирани последите случувања за прогресот на двата проекта што се однесуваат на климатска отпорност за развој на инфраструктура за транспорт и на критичните поврзаности помеѓу водите, енергија и сигурност на храна.

-Една од нашите цели е да се подобрат врските помеѓу министерствата одговорни за животна средина и министерствата одговорни за енергетка, земјоделие, води, транспорт, и останатите ресори. Многу не радува што на последниот министерски состанок во Бон се презентираа резултатите од финализираната Студија за Климатски промени во Западен Балкан, во која се аналзирани врските помеѓу климатските промени и одредени сектори, со најголем фокус на земјоделието. Истата ќе биде наша водилка во планирање на нашите национални активности, нагласи министерот Дураки.

Генералениот секретар на RCC Горан Свилановиќ во рамки на конференцијата рече дека се преговара до 2030 година емисијата на штетните гасови да се намали на 40 отсто, за 32 отсто да се зголеми употребата на обновливи извори на енергија, и исто така за 32 отсто да се зголеми нивото на енергетска ефикасност.

-Морам да кажам дека кога е во прашање стандардот на регионот сме доста далеку. Можам да кажам дека состојбата е малку подобра во Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде се користат обновливите извори на енергија, а освен тоа сите други економии од регионот се далеку од овие стандарди. Во тек се преговори меѓу Европската Комисија, Европскиот Парламент и Европскиот Совет околу новите стандарди 2030 година. Се надевам дека во наредниот период официјално ќе се усвои Декларација со која земјите од регионот ќе настојуват да го подигнат својот стандард на ниво каково што се договара во Европската Унија, нагласи Свилановиќ.

Тој рече дека во ситуација кога нема доволно средства, сепак колку-толку треба да направи за да се заштити планетата и затоа што тоа директно влијае врз здравјето на луѓето.

На новинарско прашање во врска со аерозагадувањето, Свилановиќ рече дека ниту една од државите од регионот немаа доволни финансиски средства за да се справи со оваа проблематика, а особено кога е во прашање заштитата на емисија на штетните гасови.

-Но, средствата не смеат секогаш да бидат оправдание. Во рамки на околностите треба да се направи она што може.Треба да се зголеми нивото на енергетска ефикасност, да се поместат стандардите кога е во прашање загадувањето од автомобилите и нешто од што бегаат сите во регионот, термоелектраните. Мора да бидеме похрабри и да тргнеме во процес на трансформација на термоелектраните кои ќе станат електрани на гас или биомаса. Владите треба да бидат храбри и да донесат соодветни одлуки, изјави Свилановиќ.

Раководителот за меѓународна соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини рече дека треба да се одбегнуваат две грешки: да се фокусира животната средина и климатските промени само на трошоците што истите ги предизвикуваат и животната средина и климатските промени да се сметаат како неприоритени и како одвоен сектор од останатите сектори во општеството.

-Животната средина не е нешто со кое би можело било кој да ја работи. Овој сектор бара научно познавање и исто така моќно преземање акции. Сите ќе треба да делуваме заедно и можеме тоа да го сториме. Секогаш има повеќе финансиски средства отколку што има добри проекти. Мора да погледнеме на бенефитите, на политиките за климатски промени и животна срединакои што треба да бидат воспоставени во сите сфери во општеството, не само во смисла на обезбедување на почиста вода, почиста животна средина, нагласи Бертолини.

Тој додаде дека потребно е да се преземат чекори во духот на на синергија при националните политики.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари