Трет UPSHIFT-повик за идеи за решавање социјални проблеми

Од:

Програмата UPSHIFT го објави третиот повик за ученици заинтересирани да аплицираат со иновативни идеи за решавање социјални проблеми во општеството. За да учествуваат, заинтересираните треба да формираат тим од двајца до петмина учесници на возраст од 13 до 19 години и до 10 март 2019 да ја пополнат апликацијата достапна на www.upshiftmk.org.

UPSHIFT е програма развиена од УНИЦЕФ со цел преку решавање социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства. Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.

-Презадоволни од разултатите од претходните два циклуса, со задоволство го објавуваме повикот за третиот циклус и со нетрпение ги очекуваме апликациите со иновативни идеи за решавање на социјалните проблеми во нашето општество. Бидејќи секојдневно се соочуваме со голем број општествени предизвици кои имаат големо влијание врз нашите животи, со оваа програма сакаме да ве поттикнеме, вас младите, да ги препознаете и да понудите иновативни решенија во вид на производ или услуга. Ние преку UPSHIFT програмата ќе ви помогнеме и поддржиме во реализацијата на вашите решенија за социјалните проблеми во заедницата, се наведува во повикот.

​По завршувањето на повикот ќе бидат избрани десет тима со најголем потенцијал за учество во третата UPSHIFT работилница.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите