Трет ден амандманска расправа по медиумските закони

Од:

Пратениците денеска продолжуваат со амандманската расправа по Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни комуникации.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во изминатите два дена се поминати 63 амандмани, од вкупно 94 поднесени за овој закон, од кои прифатени се 20. За Предлог-законот за медиуми и за аудиовизуелните медиумски услуги се поднесени околу 130 амандмани, повеќето од опозицијата.

Денеска е последен ден од предвидените три, според Деловникот за работа на Собранието, за комисиско изјаснување по амандманите.

Повторно е одложена седницата на Законодавно-правата комисија на која на дневен ред се овие два закона, како и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, во прво читање, кој исто така треба да биде разгледан и на Комисијата за транспорт.

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски