Требаше да не лекува, ама не избања виртуелно

Од:

Критиката е добронамерна, а лагата злонамерна

Е мој народе на глупоста крај нема. Нема крај на гафовите, ниту на резилите што ни се случуваат од страна на лаици кои благодарение на својата полтронска и безвезно психичка ситуација стигнаа до врвни раководители, врвни министри па дури и во своите фантазии идни лидери. Не дај Боже.

Замислете што ќе се случува такви приучени шарлатани да бидат на позиција од која една цела нација би зависела. Тотална апокалипса, катастрофа, помор. Зар цела нација би можела сето тоа да го поднесе, или пак ќе доживееме невиден егзодус на и онака малата шака народ што живее и опстојува во оваа државичка. Пред скоро цела година, а времето минува лета, ни се направи еден розев филм едно шарено чоколадо дека еве и ние ќе станеме рај за медициски туризам. Ќе се отвореле слободни здравствени зони, каде ќе дошле странски болници и ќе го лекувале овој напатен народ, а бога ми и туристи-пациенти кои ќе го нашле спасот во оваа грутка земја. Подоцна испадна дека ќе се правеле елитни бањски центри, спа центри каде ќе сме имале и туризам, па дури и казина. Веројатно и Дедо Мраз ќе доаѓа на рехабилитаија кај нас. Не е смешно туку е тажно.

Министре Тодорофф, он, оф, или како и да сте, сакам да Ве прашам дали Вашата екселенција ќе ни даде одговор или отчет до каде е овој проект и до кога ќе ни сервирате шарени лаги? Извинете, заборавив дека Вие не одговарате поради вашата стручност која ја имате стекнато во врвни странски едукативни центри и дека Вашата интелегенција не Ви дозволува да се занимавате и да одговарате на маленкости како мене и другите обични граѓани. Ама дајте барем еднаш бидете фер и кажете, за да знаат граѓаните да си заштедат некоја паричка и да не одата по други држави за бањање, туку тука да си ги трошат паричките.

Крај на вашата фантазија очигледно нема. Би сакал да ви дадам еден предлог – ако сакате прифатете го. Направете барем веб страница и почнете со рекламирање на бањскиот туризам. Удрете на маркетинг! До сега беше се од Ваша страна виртуелно, па бидете доследни и дајте и ова нека остане виртуелно до крај. Барем нашите поколенијата ќе знаат дека имале напреден виртуелен министер за НЕздравство.

Велат дека секој си одговара за своите постапки. Еден ден се надевам министре дека и вие ќе одговарате за вашите постапки. На народот му треба храна и лекови за да може да живее, твори и просперира, а не шарени лаги и пуканки. А не е лошо и за ова да размислите – можда и во пуканките има бизнис, нели?

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска