Транспарентност: Притворот за Кежаровски е дел од опасната политика на власта

Од:

Драматичното постапување на припадниците на МВР при приведувањето на новинарот Томислав Кежаровски – во случајот „Ореше“ е само уште еден доказ дека по политичкиот дебакл на Владата со предложениот закон за медиуми, власта намерно инсистира на продлабочување на проблемите во сферата со медиумите.

Од објавените снимки, дадени од МВР на медиумите, како што стои во извештајот на „Транспарентност“ јавноста можела да види класичен пример на несоодветно демонстрирање полициска сила.

– На општа зачуденост на стручната и општата јавност, следуваше притвор и за осомичениот новинар за податок објавен во текст публикуван во 2008 година. На истражните органи им требале 4-5 години за да прочитаат еден новински текст, за да ги покренат антитерористичките полициски единици за апсење и притворање на „опасниот“ новинар – се вели во извештајот.

Од „Транспарентност“ соопштуваат апсењето и притворањето на Кежаровски е дел од опасната недемократска политика на власта. Според нив, нема сомневање дека во МВР биле свесни дека Кежаровски ниту се криел, ниту пак се очекувало да пружа каков било отпор при неговото приведување.

– Притворањето на Кежаровски, е само уште еден случај на стотици неоправдано притворени луѓе во последните 5-6 години кои ниту можеле да го повторат делото, да избегаат од државата или да влијаат врз сведоците – стои во соопштението.

„Транспарентност“ предупредува дека власта, применува сила во селектирани случаи кон новинарите, со цел да го зголеми нивото на стравот во новинарската професија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Објавен индексот на отворени општини за буџетската 2020 година – Арачиново и Ранковце имаат најниско ниво на отвореност

А1он

Министерство за информатичко општество и администрација најтранспарентното министерство во регионот

А1он

Владините заложби за транспарентност даваат резултати и тоа ме радува, соопшти Заев на Фејсбук

Жарко Настоски

Владата ќе ја зголемува транспарентноста на институциите и општините

Жарко Настоски

Истражување: Владата може да биде потранспарентна околу буџетските трошења во образованието

Жарко Настоски

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов