(ВИДЕО) Трајковски: Целата документација за „Космос“ ја доставив до СЈО

Од:

Ќе го докажеме нашето законско постапување во случајот „Космос“. Во изминатиот период имавме слични постапки во управните судови, Апелациониот суд, Основниот суд, Врховнио и Уставниот суд и беше докажана законитоста и законското делување, изјави градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски по завршување на јавната седница во Апелациониот суд каде се разгледуваат жалбите на обвинетите и СЈО за случајот „ТНТ“.

-Ова е уште една можност да ја докажеме тоа законско постапување затоа што неоспорен е фактот дека законски сме постапувале не само покрај овие судски пресуди, туку и самиот инвеститор тоа го знае бил свесен и свесно пристапил кон извршување на кривичното дело – изградба на една таква дивоградба, рече Трајковски.

На прашањето упатено до градоначалникот на Гази Баба, дали повторно ќе се кандидира за градоначалник на Гази Баба тој одговори дека не знае и не размислува за тоа бидејќи моментално бил преокупиран со обврските од претходниот мандат.

На јавната седница во Апелациониот суд Трајковски изјави дека ја доставил целата документација до Специјалното јавно обвинителство за предметот „Космос“.

Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО изјави дека на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во ТНТ му биле испратени 3 уредни покани за исказ во СЈО, но ниту еднаш не се појавил.

Адвокатот на Трајковски, Боро Тасевски рече дека во оваа фаза Советот на Кривичниот суд не го оценил обвинителниот акт за да може да бара притвор. Тасевски вели дека не е водена контрадикторна постапка пред Основен 1 и дека нема утврдено основано сомнение за сторени кривични дела.

Градоначалникот на Гази Баба се товари за 2 кривични дела со минимална казна до 5 години.

Адвокатите бараат да се укине мерката со која му е одземен пасошот на Трајковски кој изјави дека нема да ја попречува постапката.

-Тука сум и спремен да одговарам на сите покани, рече Трајковски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“