Трајанов: Итно да се усвојат измените на Изборниот законик за една изборна единица

Од:

Државата треба да биде една изборна единица, како клучен предуслов за демократизација и промени кои ќе гарантираат коренити реформи, владеење на правото, борба против криминалот и просперитет, изјави денеска Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, во врска со измените на Изборниот законик.

– Младите сакаат да живеат во држава со универзални вредности, институциите да функционираат, законите да важат за сите подеднакво, без привилегирани, без корупција и еднакви шанси за сите, како битни предуслови да не ја напуштат Македонија, смета Трајанов.

Тој потсетува дека Предлог-законот за измени на Изборниот законик со кои се предлага државата да биде една изборна единица, до Собранието беше доставен 5 март 2021 година и подолго време, како што вели, е блокиран од СДСМ и ДУИ.

Претседателот на ДС посочува дека во комисиската расправа пратениците на СДСМ и ДУИ биле против измените, но на пленарната седница одржана на 14 јуни 2023 година гласаа „за“. Законот, вели Трајанов, доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно заклучоците, за предлог-законот имаше јавна расправа, но забелешки не се доставени, поради што, според Деловникот за работа на Собранието, треба да почне втората фаза, предлагање на амандмани и гласање за усвојување на измените со кои државата ќе биде една изборна единица.

– Очекуваме најитно да се одржи расправа во Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, како и во Законодавно-правната комисија, со што ќе се создадат услови за расправа и одлучување на пленарна седница, истакнува Трајанов.

Предлагачи на законот се: Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Боби Мојсовски, Љупчо Балковски, Панчо Минов, Моника Зајкова, Борислав Крмов, Маја Морачанин и други пратеници.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Се преговара за Изборниот законик, тврди Сали

Катерина Ѓуровски

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата