Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека дијалогот на работната група за Изборниот законик ќе се откочи откако „обединетата опозиција – Левица, СДСМ и ДУИ“ ќе дојдат на состанок со предлог.

– Тие не доаѓаат. Левица ги интересираат парите за да одат на Халкидики, да си купуваат имот и за да прават кафулиња. СДСМ не знам што сакаат. ДУИ можам да кажам дека знаат што сакаат, ама тоа е невозможно – рече Мицкоски.

Тој им порача да се договорат и оти тоа што тие ќе го договорат ќе биде прифатено, при што останува барањето за олеснување на гласањето на дијаспората за претседателските избори во 2029 година.

-Нека седнат, нека се договорат, тоа што тие ќе се договорат ние ќе го прифатиме, а условот на ВМРО-ДПМНЕ е да се олесни гласањето на дијаспората од претседателските избори во 2029 година. Тоа го бараме, мислам дека не бараме премногу – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток