Трагедијата кај Велес ја врати Македонија во светските медиуми

Од:

Македонија неделава се најде во фокусот на светските медиуми поради три настани: инцидентот во Гошинце, посмртниот венец испратен до новинарот Борјан Јовановски, како и синоќешното прегазување на 14 мигранти на пругата Велес – Скопје.

Трите инцидента, кои се случија во период од три дена, се најдоа во познатите светски медиуми, вклучувајќи ги и „Еуроњуз“, „Еј-Би-Си њуз“, „Хафингтон пост“, „Индепендент“, „Гардијан“ и „Вашингтон тајмс“. Информациите што се објавени се извештаи на познатите светски агенции „Ројтерс“, „Асошиејтед прес“, АФП и „Блумберг“.

Сепак, информацијата за загинувањето на сомалиските и на авганистанските мигранти предизвика поголем интерес кај светските медиуми, оти дојде по минатонеделната трагедија во Срдоземно Море, во која се удавија околу 900 илегални мигранти, и по вчерашниот вонреден самит на ЕУ за справување со шверцот на луѓе во Средоземно Море.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март