Тошковски: Кривичен определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување на надзорот

Од:

Откако Основниот кривичен суд – Скопје, денеска, преку соопштение ја насочи одговорноста кон МВР за бегството од куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека Кривичен определил надзорот над куќниот притвор да го врши МВР, но не го определил и начинот на извршување на надзорот, за што Тошковски вели е законска обврска на Судот.

Тошковски во објава на својот Фејсбук профил наведува дека според Законот за кривична постапка „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“.

– Во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163, наведува Тошковски.

Вели според неговото претходно работно искуство како адвокат се има сретнато со решенија за определување на куќен притвор, каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата.

Во објавата Тошковски наведува дека и покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје биле вршени проверки во неколку наврати, а последната проверка била извршена на 13 август, кога Рамадани бил на пријавената адреса.

– Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата. Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка „куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал, наведува Тошковски.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите полицајци во Диво Насеље

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче