Торба со 120.000 евра украдена во Охрид, повреден сопственик на менувачница

Од:

Четири непознати лица утрово околу 08:00 часот на улицата „Дејан војвода” во Охрид извршиле разбојништво врз сопственик на менувачница, при што му ја одзеле торбата во која имало поголема сума пари, јави ОхридЊуз.

Како што соопшти полицијата, разбојниците се движеле со патничко возило „Фолксфаген-џета” со кичевски таблици и директно го удриле и повредиле 48-годишниот сопственик на менувачница од Охрид по што еден од нив, излегол и од повредениот одзел една платнена ташна во која, според кажувањето на повредениот, имало 120.000 евра.

Разбојниците веднаш потоа, со истото возило се упатиле кон излезот на Охрид, кон магистралниот пат Охрид-Кичево. Повредениот е префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.

На потегот помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, од страна на полициските службеници, пронајдено е запалено патничкото возило „Фолксфаген-џета” кое го користеле сторителите.

СВР Охрид презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ова е второ разбојништво во Охрид за кус период. Завчера вечерта вооружени разбојници ја ограбија златарата „Голд” во центарот на Охрид, од каде однеле златни предмети во вредност од 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он