ВИДЕО: Топло добредојде за Ципрас на скопскиот аеродром

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна на скопскиот аеродром каде беше пречекан од владината делегација предводена од вицепремиерката Радмила Шекеринска.

(Во живо) Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигнува на скопскиот аеродром

(Во живо) Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигнува на скопскиот аеродром

Posted by A1on.mk on Вторник, 02 април 2019

Ова е прва официјална посета на грчки премиер во Република Северна Македонија.

Ципрас на платото пред Владата ќе биде пречекан со државни и воени почести, каде вчера, во пресрет на неговото доаѓање беше поставена табла со новото уставно име на државата, Република Северна Македонија.

Во Владата е предвидена тет-а-тет средба помеѓу двајцата премиери Заев и Ципрас на која ќе се разговара за триесетина прашања од повеќе области.

По средбата ќе се одржи и меѓувладиниот состанок, по што двајцата премиери ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во денешната агенда предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Заев и Ципрас попладне ќе го отворат Бизнис форумот каде ќе имаат свое обраќање.

Засега не се предвидени средби со претседателот Ѓорге Иванов, ниту пак со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во делегацијата што ќе го придружува Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на десетици големи и средни грчки компании.

Поради посетата на Ципрас денеска од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот