Томе Николоски е единствениот со нула потписи: Уште четири дена некој да го поддржи за претседател

Од:

Ниту еден од над 108 илјади граѓани кои дале потписи за претседателските кандидати не сакал да му даде поддршка на Томе Николоски, кој самостојно се обиде да се кандидира за претседател на Македонија. Откако почна трката за потписи, тој на Фејсбук профил на кој има само еден следач напиша дека го бојкотира собирањето потписи, додавајќи дека 10.000 потписи би можел да собере за 169 дена, но официјално не ја повлече кандидатурата.

Зад него на листите се Господин Попоски, кој има 119 потписи, Зорица Цветковска со 204 и Ѓорѓи Манасков со 429 потписи. Над 1.000 граѓани дале поддршка за Вело Марковски кој поднесе независна кандидатура и Мерсиха Смаиловиќ, поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз.

Од оние кои влегуваат во трката за претседател на Македониј пак, најмногу потписи собраа актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и пратеничката Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Пендаровски доби поддршка од 21 852, а Силјановска од 28 029 граѓани. Зад нив е претседателот на ЗНАМ-За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски до 11 601 потпис, министерот за надворешни работи Бујар Османи како кадар на ДУИ со 11 085 потписи, лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски кој има 10 887 потписи, градоначалникот на Гостивар и водач на едно од двете крила на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, кој има поддршка од 10 709 граѓани и Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, со 10 432 потписи.

Собирањето на потписи завршува на 8 март, по што ќе биде објавена конечната бројка на кандидати за претседател на Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он