Тодоров до Мицкоски: Додека јас се борев против Заев, ти градеше хидроцентрали – оди си

Од:

„Додека јас го напаѓав и се борев против Заев и СДСМ, Мицкоски си градеше хидроцентрали“, вака Никола Тодоров, ексминистер за здравство и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, му одговори на лидерoт, Христијан Мицкоски кој јавно го критикуваше. Коментарот на Тодоров доаѓа откако Мицкоски го нарече кукавица која избегала и решила да одработува за Заев. Ова е прво јавно препукување помеѓу Тодоров и Мицкоски, откако, ексминистерот беше исклучен од партијата во 2018 година.

„Додека јас го напаѓав и се борев против СДСМ и Заев, ВМРО победуваше. Откако Мериот коалицијата му ги собра потписите и го избра Мицкоски за претседател на партијата, негова обврска е да го напаѓа, да се бори и да го победи СДСМ. За жал, Мицкоски само губи од Заев. Има две можни причини за постојаните порази кои Мицкоски ги остварува: или е тотално неспособен претседател или намерно губи од Заев, за да не одговара за тоа што работеше или не работеше, додека беше директор на ЕЛЕМ“, вели Тодоров за „А1он“.

Тој посочува дека гласањето на како што вели „Мериот коалицијата“ за Мицкоски како наследник на Груевски на конгресот во Валандово, било грешка.
„Мицкоски, оди си! Доста ни е од твојата хидро-група и од твоите порази. ВМРО не е Мицкоски, ВМРО е многу повеќе и многу поважно од тебе. Оди си за да можеме да го победиме Заев и СДСМ. Равенката е едноставна: Мицкоски си оди, Заев си оди. Мицкоски претседател на ВМРО, Заев претседател на Влада. Оди си, за спас на ВМРО!“, додава Тодоров.

Би можело да ве интересира

Автопатот Прилеп – Битола добива приоритет, Мицкоски најави пуштање на првите 10-12 километри

Мицкоски со ветување: „За три години ќе живееме многу подобро од денес“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари