Тодор Александров

Од:

Искрено не сакам да отворам академска расправија по ликови и дела од историјата на Република Македонија без разлика кои се тие ,доколку се историски личности од минатиот век.

Ни Георгиевски нити Бранко кои имааа делумно мирни води не ги отворија овие теми кога беше потребно,а сега е бесполезно „кавгаџиски, дневно, политички.

Сега со Аминта III и антиката (нешто ракија нешто антика) воопшто не е здраво да се расправаме за овие теми заради тоа што нема база, корен расправијата да се отпочнува.

Бесмислено и опасно, доведени на античко дереџе каде ги спојуваме вековите, геограрфијата, квази-историјата и емоциите на неписмените.
Емоциите на групата, консумери кој лапаат се и сешто, а ни книга прочитале, а најмалку мењуал како да ја читаат и разбираат историјата. Уште помалку стварноста. Стварноста ни е преoпасна ,лепршава, смешна да можеме сега на оваа горештина да развиваме теми ,крупни,за почетокот на 20 век и Република Македонија.

Аминта III и Гоце Делчев на исто место во истовреме. Немам коментар за овој психолошки проект кој нема блага врска со архитектура и реалност. Во Историјата ВМРО била поделена на два дела-Тодор Александровисти и Ванчомихајловисти.

Тоа се различни светови, компарацијата е иста како Лубчо и Борис Трајковски или еве Груевски и Борис Трајковски.
Едните се Русо-Хазбурзи-Кобурготи, а другите Англикани.

Ако сака МАНУ или Катарџиев по темава, одма нека кажат во кои тоа амфитеатар ќе ја водиме дискусијата. Да не се уморуваме вака епистоларски.

Дури чекам да организираме таква дискусија би сакал да го објаснам колку оваа држава има истории (политички истории)

1. Историјата на Република Македонија во времето на Отоманската Империја. Односно на Историјата на Вилаетите кои ја опфаќале

Косовскиот Вилает-Скопје, Скадарскиот Вилает-Дебар-Гостивар-Тетово (зависи од периодот за Тетово), Солунскиот Вилает до Штип, Битолскиот Вилает–Битола и Костурскиот Вилает (исто како Тетовскиот). Опфат имале и некои вилаети во денешна Бугарија во зависнот од периодот.
Официјален јазик-турски

Од 1900 година граѓаните се со граѓанство на Отоманската империја,етнисити (намерно го употребив на англиски) се Бугари, Срби и Македонци.*

Посебно етнисити помасовно за македонци се употребува по Илинденското востание па се до Балканските војни.

Модерна Историја бр.1 – се пише од Отоманската империја и Соседите

2.Територијата на сегашната Република Македонија во време на распадот на Отоманската Империја. Оваа е најромантичниот но и најтемниот период и најнерасветлениот во нашата модерна историја.(за модерна историја на една земја се сметаат последните 100 години).

Официјален јазик нема, се користи бугарски, српски, грчки, француски, германски и англиски.

Модерна Историја Бр.2 – се пише од соседите и на нивните јазици ,го исклучувам албанскиот нормално.

3. Територијата на Република Македонија во времето на Првата светска војна и паѓањето под окупација на кралството СХС.

Се пишува (специфицира-дава насоки) во Белград, главниот град на СХС и се препишува во училишните книги во Скопје. Јазикот е инаку српски со српска азбука, граѓаните се Срби и арнаути,туци и други.

Окупаторски-наметната историја со внимателни таргети. Посебно се пази на улогата на окупаторите и дискфалификација на можни сојузници за сепарација на територијата. Побединиците од I светска војна се во предност, пишуваат политичка историја и географија.

Губитниците развиваат романтика но се подложни на притисок од победниците и се пристојно кооперативни.(се до 1933 година,појавата на Хитлер,убиството во Марсеј и други причини). Избегнувам да ја објаснам целата композиција на настани заради немање на простор.

4. Историја за време на II светска војна. Граѓаните се Бугари, Турци.

Западниот дел на Република Македонија е под италијанска окупација.

Сите Срби, станале Бугари. Македонци НЕМА. Земам во предвид официјални документи.

5.Историја на Република Македонија од 1944 до 1990 година

Пишана под/по федерален терк, со насоки, укажувања, очувување на федерацијата и избегнување мултиетнички конфликти. Насоки дадени до историчарите и Академиите на Федералните единици. Употребливо фалсификувана историја со конкретни намери-спречување на етнички судари.

Историјата се пишува во зависност на надворешнио политичките потреби и сојузници. Се пази на договорите од Јалта и Техеран. До падот на Берлинскиот ѕид нема теоретска можност за сепарација не само заради силата на федерацијата туку и договорите од Јалта. Другото се блесави романтики и неукост и по некоја операција на Федералните тајни служби со премолчено одобрување на потписниците на Јалта.

Мислам дека ќе бидам доволно разбран ако го појаснам и следното:

Никој во Република Македонија не спори, доколу е реален и рационален, дека Цар Самоил е Бугарин. Но тој е Културно наследство на Република Македонија. Неговата престолнина била на оваа наша територија и имаме право да го славиме и градиме споменици.

Никој во Република Македонија не спори дека Крали Марко е Србин од фамилијата Мрњачевиќи. И него како Цар Самоил имаме право да го славиме заради тоа што е тој дел на историското наследство на Република Македонија.

Исто се однесува и за оној Аквадукт во Скопје или пак Охридската Архиепископија или пак Хераклеја. Се работи за културно историски наследства на Република Македонија,не може никој тоа да ни го спречи или негира.

Но драги мои, друг пат кога ќе положувате цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе ве молам, покрај поканата на Бугарскиот Амбасадор, пред се,да го поканите и грчкиот амбасадор, на кого му е местото баш таму. Гоце Делчев е културно историско наследство на Република Грција, пред се.
Кога Бранко и Љупчо ќе го разберат горенапишаното, ќе бидеме на добар пат да направиме Европска држава. Овие другиве, фановиве на Аминта, ќе се потрудам да ги разберам ама дури не ги разберам нема да им се обраќам на темава.

Даме Чкатроски – уредник на World security for Balkan and Macedonia

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска