ТМ: Зврлески, марионета во рацете на мафијата

Од:

Транспарентност Македонија реагира за одлуката на јавниот обвинител да не покрене постапка за случајот „Македонска банка“ како и според нив нелогочното образложение дека случајот е застарен.

Одлуката на јавниот обвинител Марко Зврлевски да не покрене истрага за случајот „Македонска банка” означува заокружување на состојба на зомби-држава во која постојат закони, процедури и знаење кои се во состојба на клиничка смрт.

Неговото траги-комично објаснување за отфрлањето на тужбата ќе остане како камен-темелник за идните генерации кои ќе треба да научат да препознаваат кога институциите ја убиваат правната држава. Обвинителот, имено, одби да се занимава со својата работа, со мандатот на заштитник на државните интереси.

Но, со оглед на фактот што тој се занимаваше со случајот само низ призма на пријавата на партијата СДСМ, сакаме јавно да го потсетиме на она на што ТМ укажа минатиот месец: неспроведување одлука на Уставен суд е кривично дело кое не застарува, како и на фактот дека секој друг закон или дејствие се спротивни на таа Одлука на Уставниот суд, вклучувајќи го и решението на Народната банка за промена на сопственичката структура на „Македонска банка“, на која се повикува г. Зврлевски.

Имено, одлуката на Уставниот суд подразбираше реституцио ин интегрум, односно враќање во првобитна состојба. Исто така, ТМ го потсетува јавниот обвинител Зврлевски на одредбите од член 377 од Кривичниот законик, кои во ставот (3) пропишуваат дека „ќе се казни со затвор од една до пет години службено или одговорно лице кое ќе одбие да изврши одлука на Уставниот суд на РМ што е должно да ја изврши”, а во ставот (4) од овој член, пропишува дека доколку со неспроведување на одлука на Уставниот суд на РМ се предизвикала потешка повреда на правата на други или значителна имотна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

ТМ предупреди дека никој друг, освен г. Никoла Груевски ,можел да даде согласност за продажба на банката. Тој, како претседател на ДПМНЕ, ја имал и „општествената положба” која се спомнува во членот 359 од Казнениот законик што Зврлевски го злоупотребува користејќи го само делот со „службената положба”, кога објаснува дека Груевски не бил на функција за да може да ја злоупотреби, велат од ТМ.

Конечно, апсурдното образложение на г. Зврлевски е полно со правни дупки. Еве една: со оглед на тоа што била договорена исплата на 11 рати, рокот од 10 години истекува во декември годинава – ако веќе ја следиме логиката на

Зврлевски за застарување на случајот. Значи, имаме дело во континуитет и паѓа во вода главниот столб на непрофесионалното образложение на Зврлевски – застарување.

Што се однесува до квалификацијата на г. Зврлевски дека аудио снимките претставуваат „нелегално прибавени докази”, некој може само да жали за кариерата на г. Зврлевски која заврши на 27 јули годинава, на денот на објавата на неговото антологиско образложение. Со флагрантно непочитување на државните интереси и на правдата, г. Зврлевски може да остане на таа функција и натаму, но јавноста има сериозни основи за сомневање дека тој ќе остане само марионета во рацете на мафијата која ја зароби Републиката, велат од ТМ.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он