„Титаник“ седми месец заглавен во материјални докази

Од:

Судењето за случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности каде се обвинети поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, денеска продолжи во доказна постапка со изведување на материјални докази. Случајот во оваа фаза е заглавен уште од декември минатата година поради големиот број на материјални докази како и повеќекратното одложување на рочиштата од најразлични причини.

Обвинителката која го води случајот, Лиле Стефанова од Специјалното јавно обвинителство од вкупно 5900 материјални докази досега во Кривичниот суд изведе 3750 помеѓу кои ПП 10 и ПП 30 образци за уплата и исплата на средства во ВМРО-ДПМНЕ како и докази за изработка на лични карти кои според обвинителството биле изработувани по нарачка на високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2013 година.

Во случајот „Титаник“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Заев: Да се надминеме себе си и да го договориме законот за ЈО

Татјана Ташкова

Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и од Финансиска полиција

Татјана Ташкова

ЈОРСМ презело 171 предмет од СЈО, приоритет ќе имаат оние во судска постапка

Ана Ололовска

Милошоски: Можна средба за Законот за ЈО утре, вратен предлогот за анкетна комисија СЈО

Ана Ололовска

Јовески ѝ го делегира предметот „Талир 2“ на Ленче Ристоска

Васко Маглешов

Претседателот на Собранието ја прими Предлог-одлуката за основање на анкетна комисија за СЈО